Грета Тунберг: Германија не треба да ги затвора своите нуклеарни централи

Од:

Германија не би требало да ги затвора нуклеарните централи кои во моментов произведуваат енергија, ако тоа значи повеќе согорување на јаглен, оцени еко-активистката Грета Тунберг.

– Ако веќе се во функција, мислам дека е погрешно да се затворат за да се фокусираат на јагленот, рече 19-годишната шведска активистка за климата во интервју за германскиот ТВ канал „Дас Ерсте“.

Германија ја промени својата политика со тоа што одлучи да ги задржи во функција последните две нуклеарни централи во обид да обезбеди снабдување со енергија. Ова предизвика политичка бура бидејќи во владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц е вклучена и Зелената партија, која долго време се залага за трајно напуштање на нуклеарната енергија, пишува Блумберг.

Германија сè повеќе се потпира на електрани на јаглен за да го надомести недостигот на енергија предизвикан од намалувањето на протокот на природен гас во Европа преку цевководи од Русија. Емисиите се зголемуваат на краток рок бидејќи владата работи на ограничување на кризата без преседан.

Земјата со најголема европска економија планираше да ги затвори нуклеарните реактори до крајот на годината, откако јавното мислење се сврте против изворот на енергија по катастрофата во јапонската Фукушима.

Франција обично извезува електрична енергија во Германија во текот на зимата кога побарувачката расте, но прекините во тамошните нуклеарни реактори се закануваат да го намалат снабдувањето низ Европа и да предизвикаат прекини во испораката на струја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Грета: Ова не е новото нормално, ќе продолжи

Ана Ололовска

Ликот на Грета Тунберг на шведска поштенска марка

Ана Ололовска

Тунберг после една година му одговори на Трамп: Олади

Ана Ололовска

Грета Тунберг: Што направи за време на едногодишната пауза од училиште

Ана Ололовска

Грета Тунберг, по пауза од една година, повторно тргна на училиште

Ана Ололовска

Меркел се сретна со Тунберг и други млади активисти

Ана Ололовска