Младата активистка Грета Тунберг, која од Европа со брод допатува во САД, сега бара бродски превоз за да стигне во Мадрид, каде ќе се одржи годишниот самит на Обединети нации за климатските промени.
Глобалниот климатски самит на ОН ќе се одржи од 2 до 13 декември во Мадрид, откако претходниот домаќин Чиле се откажа поради протестите во таа јужноамериканска земја.
Тунберг одбива да патува со авион бидејќи тоа превозно средство многу ја загадува животната средина.
– Треба да најдам превозно средство преку Атлантикот во ноември… Ако некој ми помогне би била исклучително благодарна, напиша Тунберг на „Твитер“.
As #COP25 has officially been moved from Santiago to Madrid I’ll need some help.
It turns out I’ve traveled half around the world, the wrong way:)
Now I need to find a way to cross the Atlantic in November… If anyone could help me find transport I would be so grateful.
-> https://t.co/vFQQcLTh2U— Greta Thunberg (@GretaThunberg) November 1, 2019
Младата шведска активистка на 14 август од Плимут, Велика Британија тргна кон Њујорк со едрилица.
Таа во септември учествуваше на Самитот на ОН во Њујорк, а потоа патуваше низ САД и Канада.