Шведската активистка Грета Тунберг ќе ги употреби парите од наградата на Рајт Лајвлихуд организацијата за основање на истоимена фондација.
Целта на непрофитната Фондација Грета Тумберг е „промовирање на еколошката и социјална одржливост, како и менталното здравје“, соопшти Рајт Лајвлихуд фондацијата, која и додели награда на тинејџерката минатата година.
Таа награда се смета за алтернатива на Нобеловата награда.
Како една од четворицата добитници на таа награда, Грета Тунберг доби повеќе од 100.000 долари.