Грчки авион ловец Ф-16 се урна по полетувањето и експлодира на пистата на военовоздухопловната база „Лос Лјанос“ во Албасете, југоисточна Шпанија. Двајцата пилоти загинале, а повредени се најмалку десет лица, јави ТАСС.
При полетувањето, авионот ја изгубил контролата и паднал врз хангар во военовоздухопловната база.
– Авионот се урна во близина на останатите авиони, соопштено е од шпанското Министерство за одбрана.
Шпанската база се користи за вежба на НАТО, во која учествува и Грција.