Гранатиран Конзулатот на Русија во Алепо

Од:

Руското Министерство за надворешни работи го осуди денешното гранатирање на Конзулатот на Русија во сирискиот град Алепо, нарекувајќи го терористички напад.

Русија верува дека нападот го извеле припадници на Ал Нусра фронтот.

– Во нападот никој не е повреден. Една граната падна на подрачјето на Конзулатот, а уште три експлодираа во непосредна близина на оградата, се наведува во соопштението на руското МНР.

Во јануари 2013 година сите руски дипломати заминаа од Алепо, а Конзулатот го чуваат сириски граѓани.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Лебот во Алепо поскапе за 900 отсто

ВИДЕО: Сириски и руски авиони ги бомбардираат позициите на бунтовниците во Алепо и Идлиб

Израел ги гранатираше сириските аеродроми во Дамаск и Алепо

ВИДЕО: Израел повторно го нападна аеродромот во Алепо

ВИДЕО: Израел ги нападна аеродромите во Сирија