Граѓаните потопло да се облекуваат – Холандија го намалува греењето за да ја ограничи зависноста од рускиот гас

Од:

Владата на Холандија ги повика граѓаните да го намалат греењето на своите домови со цел да се намали зависноста на нацијата од руските енергенси. Со владина одлука, греењето во државнитеи нституции се намалува за два степени целзиусови како начин да се намали потрошувачката на енергија.

Владата објави дека сака да даде добар пример, објави холандската новинска агенција АНП.

„Нашите сметки за енергија растат, треба да станеме помалку зависни од рускиот гас и сакаме да се бориме против климатските промени“,се вели во повкот на владата до нацијата да воведе мерки за заштеда на енергија. Во огласите во весниците и преку онлајн кампања, граѓаните се повикуваат да го постават греењето во домовите на максимални 19 степени Целзиусови.

„Носете топла јакна или џемпер, чорапи и влечки. Ако останете дома, можеби термостатот може да се намали за еден степен“ – се препорачува во кампањата.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски