Граѓаните на ЕУ под 45 години помалку склони кон вакцинација

Од:

Последниот Евробарометар посветен на расположението на граѓаните на ЕУ за вакцинирање покажува охрабрувачки резултати освен кај одредени категории, јави дописничката на МИА од Брисел.

На крајот на мај 75 отсто од граѓаните на ЕУ изјавиле дека вакцините се единствен начин да се стави на крај на пандемијата од Ковид-19, додека 69 отсто се веќе вакцинирани или сакаат да бидат што побрзо, додека 79 отсто рекле дека ќе се вакцинираат до крајот на оваа година, покажува европската анкета на јавното мислење.

Сепак, Евробарометарот нотира дека лицата под 45-годишна возраст покажуваат поголем отпор кон вакцинацијата, што е можно да се должи на фактот што тие имаат и помал ризик да развијат тешка форма на болеста.

Помалку од половина од граѓаните (49 отсто) се задоволни од начинот на кој Европската Унија ја менаџира вакцинацијата, а 45 отсто не се задоволни. Граѓаните се уште покритични кон сопствените национални власти во овој дел.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он