Градот Брисел воведува ковид сертификат за собири и кафулиња

Од:

Од октомври и во градот Брисел ќе биде потребен доказ за вакцинација, прележаност или негативен ПЦР тест за да се влезе на јавни места и собири.

Сертификатот ќе го носи името “Ковид сејф тикет“ или КСТ и ќе се бара во дискотеки, ресторани, кафулиња (но не и терасите), спортските центри, културните објекти и настани со над 50 лица, како и на сите други настани со 50 лица во затворена просторија или 200 лица на отворено. Ќе се бара и во установи за ранливи лица како пензионерски домови и хотели.

Брисел е единствениот град во Белгија засега кој го презема овој чекор поради исклучително лошите бројки на вакцинирани во регионот, и поради растот на бројот на новозаразени.

Сертификатот ќе се бара од почетокот на октомври, а од средината на истиот месец ќе почнат и редовни контроли со санкции за објектите и гостите кои не ги почитуваат правилата.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, „за“ беа 26 од 27 земји

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Пукање на метро станица во Брисел, неколку линии запрени

Официјален Брисел криеше дека Фон дер Лајен е во болница

Немири во Брисел, уапсени 159 лица