Градежни работници во Франција пронашле закопани стари златници

Од:

На работниците на градилиштитето на местото на поранешната општинска зграда во францускиот град Мезонсел-сур-Ажон им се посреќи во пресрет на Божик, откако под една камена плоча откриле закопани златници, јави дописникот на МИА од Париз.

– Поминував со греблото, а Кантан кој беше зад мене виде една монета. Ја погледав и му реков дека не вреди ништо, бидејќи тоа беа само 20 сантими од старите франци. Но, веднаш потоа видовме втора монета, овој пат златник Наполеон, раскажува за медиумите работникот Рено Бруно.

Тие пронашле вкупно 37 златници со ликовите на Наполеон и Леополд Втори, чија вредност е проценета на 7.000 евра.

Среќните пронаоѓачи, кои не го кријат задоволството од откритието, ги пријавиле златниците, а градоначалникот Паскал Делоне им ветил дека богатството ќе биде поделено на три еднакви делови – еден дел за општината и другите два за двајцата мајстори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски