Горбачов: За два месеца годинава светот на двапати дојде до работ на војна меѓу светските сили

Од:

Поранешниот и последен советски претседател Михаил Горбачов смета дека светот во првите два месеца од 2020 година веќе два пати се најде на работ на судир со учество на светските сили, пренесуваат руските медиуми.

-Тоа беа вистински воени операции во Иран, Ирак и Сирија. Потоа ќе се предомислеа. Станува збор за познатата политика „балансирање на работ на војна“, за опасна, авантуристичка политика, истакна Горбачов.
Тој кажа дека се почесто може да се слушне дека војната е прифатлива опција.
-Повторно го фалат нуклеарното оружје. Во воздухот мириса на војна. Западот за се ја обвинува Русија, а таа Западот. САД излегуваат од Договорот за ограничување на вооружувањето. Воените авиони летаат се поблиску до туѓите граници, бродовите опасно се приближуваат едни до други, ракети неколку пати соборуваа цивилни авиони, наведува Горбачов.
Според него, јастребите заради власта се подготвени на се.

-Доколку војната е последица на политиката тогаш таквата политика не ни треба! Денеска во светот треба да се слушне друг збор – да се предомислиш. Да се запреш! Да се запрат било какви акции, кои не доближуваат до катастрофа, тоа е она што одговорните политичари треба да му предлагаат на народот, порача Горбачов.

Тој истакна дека тоа е посебно важно во услови на најопасната закана во светот- пандемијата од коронавирус.

-Посебно голама одговорност лежи на големите сили. Многу ми е жал што лидерите на САД и Велика Британија го одбија повикот на рускиот претседател да допатуваат во Москва на одбележувањето на 75-годишнината од победата. Ја отфрлија таа можност заедно со другите постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации да разговараат за актуелната загрижувачка ситиација и да ја потврдат тезата за недозволивоста на нуклеарната војна, нагласи последниот советски претседател.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте