Горбачов верува дека е можно создавање нов Советски Сојуз

Од:

Последниот советски претседател Михаел Горбачов верува дека е можно да се формира нова сојузна држава во границите на некогашниот Советски Сојуз.

– Сметам дека може да има нов Советски Сојуз во поранешните граници и во истиот состав на доброволна основа, изјави Горбачов.

Тој нагласи дека не се смета одговорен за распадот на Советскиот Сојуз, бидејќи, како што рече, до самиот крај се борел за негово опстојување.

– На настаните влијаеја низа фактори, вклучувајќи ги и пучот во август 1991 година и специфичниот карактер на првиот претседател на Русија, Борис Елцин, изјави Горбачов.

Тој оцени дека Елцин „едноставно не сфаќал дека има важна улога“ и дека „почнал да се бори против центарот на Сојузот“.

– Затоа обидот за создавање единствена нација не успеа во Советскиот Сојуз и мораа да се согласат на формирање на Русија, тврди Горбачов.

Тој ги отфрли како неосновани тврдењата дека до распадот на Советскито Сојуз довеле реформите што тој ги покрена познати како перестројка.

– Би било голема историска грешка да се мисли така. Во текот на перестројката земјата тргна по патот на слободата и демократијата. Таа се покажа тешка. Потешка отколку што мислевме на почетокот, рече Горбачов.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија