Голи девојки рекламираат погребална опрема

Од:

Сопственикот на една погребална фирма во Полска ја налути католичката црква, поради тоа што своите мртовечки сандаци ги рекламира на календар заедно со голи девојки.

„Идејата за календарот е од мојот син. Не сакавме да биде премногу сериозно, туку шаренолико, убаво. Да ја прикажеме убавината на полските девојки и убавината на нашите сандуци“, рече сопственикот на фирмата Збигњев Линднер, пренесува Ројтерс.

„Сакавме да покажеме дека мртовечкиот сандак не е религиски симбол, туку производ. Зошто од нив луѓето се плашат, а не се плашат од облеката, козметичките производи или накитот“, додаде тој.

Календарот може да се купи преку веб-сајтот на погребалната фирма, а секој кој ќе го нарача добива привезок за клучеви во облик на мртовечки сандук.

Католичката црква го осуди календарот, истакнувајќи дека кон смртта треба да се гледа со почит и да не се меша со голотијата.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците