Сувото и топло лето предизвика големи шумски пожари во 11 сојузни држави во западниот дел на САД.
Повеќе од 50 пожари се регистрирани во државите Алјаска, Ајдахо, Монтана, Орегон, Вашингтон, Калифорнија, Невада, Аризона, Вајоминг, Колорадо и Јута.
Според податоци на Националниот центар за борба со пожари, од оган се зафатени повеќе од 43.000 хектари. Во гаснењето на пожарите учествуваат над 17.000 луѓе, како и авијација.
Најтешко погодена е државата Ајдахо, од каде се евакуирани луѓе од над 2.200 домови.
Американската противпожарна служба разговарала со Пентагон и со канадски официјални лица за евентуална помош во луѓе и авиони.