Полицијата со гумени куршуми ги растеруваше демонстрантите во центарот на Мадрид на крајот на големиот протест против мерките за штедење. Уапсени се седум луѓе, а шест се повредени.
На демонстрациите во Мадрид, кои траеа до раните утрински часови, се собраа десетина илјади луѓе.
„Рацете горе, ова е кражба“, извикуваа демонстрантите додека шетаа по улиците на шпанската престолнина.