Неколку илјади луѓе останаа отсечени на југ на Чиле, по невообичаените дождови кои оваа недела предизвикаа поплави и излевање на реките.
Одредени населби останаа без вода за пиење и струја, а блокирани се и патните правци во јужните региони Лос Риос, Биобио, Арауканиа, Лос Лагос и Ајсен, соопшти владината канцеларија за вонредни состојби (ОНЕМИ), пренесе „Ројтерс“.
Се претпоставува дека околу 4.000 луѓе се отсечени, а повеќе од 50.000 се без струја.
Е. Г.