Во масовно пукање на роденденска забава на тинејџер убиени се неколку деца, според првичните информации шест од нив. Забавата била во Алабама, а полицијата добила повик околу 22:30 часот во саботата навечер.
– Шест тела беа на земја. Тие се покриени со бели чаршафи. Се уште немаме информации за напаѓачот, ниту за напаѓачите – соопштија локалните власти.
Нема информации и за можниот мотив за пукањето.