Голем протест против масовниот туризам во Малага

Од:

Илјадници луѓе во шпанскиот град Малага протестираа против масовниот туризам и го изразија својот гневот поради високите кирии и недостигот на станови.

Протестот се одржа во центарот на тој град, а многумина носеа натписи „Малага не се продава“ и „Ова не е туризам, ова е инвазија“.

Околу 25.000 луѓе учествуваа на протестот, соопштија организаторите, иако весникот Ел Паис објави дека присуствувале 15.000.

Градот е последниот во голем број шпански градови што забележа вакви протести против масовниот туризам, откако слични се одржаа и во други популарни туристички дестинации, вклучувајќи ги Мајорка, Барселона и Канарските Острови.

Протестот во Малага беше еден од најголемите што градот ги имал во последно време, јавуваат неколку шпански медиуми.

Протестот го организираше здружението на станари Sindicato de Inquilinos e Inquilinas, кое соопшти дека зголемениот број туристи и бројните станови се причина за недостигот од станбен простор и други проблеми во градот.

„Градот страда, а огорченоста е голема. Пред се, неопходно е да се стави на маса станбениот проблем“, изјави портпаролот на организаторот Куро Мачука, пренесе Ел Паис.

Малага има повеќе од 12.000 легално регистрирани викендички, повеќе од кој било друг шпански град освен Мадрид и Барселона.

„Ситуацијата е неодржлива. Невозможно е да се купи куќа“, рече демонстрантката Марија Франко.

Инженерката Соња Раја за медиумите изјавила дека неодамна видела гаража без прозорци во Малага која се нуди како стан за месечна кирија од 600 евра.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата