Голем пожар беснее во Токио на најголемиот рибен пазар во светот

Од:

Десетици пожарникари се борат со големиот пожар на токискиот рибен пазар „Цукиџи“, кој е најголем од таков вид во светот и еден од најпопуларните туристички објекти во Токио, јавија локални медиуми.

Засега нема информации за евентуалнио настрадани или блокирани лица во огнената стихија.

Пожарот избувнал околу 17 часот по локално време. На местото се испратени околу 30 противпожарни возила. Облаци од чад се издигнуваат во небото. Напорите на пожарникарите се отежнати поради тесните улички и чадот.

Пожарот го зафати внатрешниот пазар, место со многу мали ресторанчиња, кои се омилени за туристите, а кои сервираат свежа риба и суши.

Според медиумите пожарот веќе зафатил четири згради и плоштина од околу 200 квадратни метри.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови