Голем дел од Австралија под вода, дождот ги изгасна пожарите

Од:

Голем дел од источниот брег на Австралија, кој беше зафатен со пожарите, денеска е под вода, по обилните врнежи од дожд.

Дождот, кој наврна во најголема количина во последните 20 години, изгасна некои од најопасните пожари.

Сепак, поради силните врнежи, во некои делови на Нов Јужен Велс постои ризик од поплави и лизгање на земјиштето.

Комесарот на противпожарната служба Шејн Фицсимонс рече дека е оптимист дека дождот ќе помогне да се изгасат повеќедневните пожари.

– Нема сомнеж, дождот е добар за земјоделството, но и за гаснење на пожарите со кои сме соочени со месеци, рече Фицсимонс.

Дождот го намали бројот на активни пожари во Нов Јужен Велс за 20 во еден ден.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он