Голем број летови откажани или пренасочени поради вулканот на јапонскиот остров Кјушу

Од:

Околу 40 домашни летови се откажани денеска на јужниот јапонски остров Кјушу поради густиот пепел и чад, кои излегуваат од кратерот на најголемиот активен вулкан Асо.

Најголемите компании „Јапан ерлајнс“ и „Ол Нипон Ервејс“ ги предупредија патниците на бројните откажувања и промената на дестинациите на летовите на аеродромот Кумамото, поради облакот од пепел висок 800 метри.

Портпаролот на тој аеродром изјави дека еден меѓународен лет е откажан и уште еден е пренасочен.

Еден од најголемите вулкани во светот, висок 1.592 метри се активираше во вторникот, а метеоролозите предупредуваат дека вулканските камења и пепелта можат да паѓаат во радуис од еден километар.

Ова е прва ерупција по 19 години.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови