Голем број џамии во Британија во недела ќе бидат отворени

Од:

Советот на муслимани во Велика Британија одлучи во недела ширум државата да ги отвори џамиите за јавност, односно граѓаните да можат да поставуваат прашања за ислам, по терористичките закани и неодамнешните напади во Париз.

Посетителите ќе ги пречекаат члeновите на советот, кои ќе одговараат на прашања поврзани со исламот, се наведува во соопштението на Советот на муслимани во кое се прецизира кои џамии ќе бидат отворени.

Во соопштението се додава дека станува збор за национална иницијатива на муслиманите кои сакаат да им подадат рака на британските државјани, по тензиите по повод терористичките напади.

Инаку по терористичките напади во Париз, британската влада испрати писма до 1.000 џамии во државата во кои ги повикува имамите да им објаснат на сите дека исламот е дел од британскиот идентитет.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година