Бегалците од војните на Балканот во 1990-те години имаат поминато мошне добро на пазарот на трудот во Шведска, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Средните просечни приходи на оваа група во 2013 година изнесувале 21.500 круни (околу 2.300 евра) месечно, додека просекот за целото шведско население изнесува 23.500 круни.
Тоа што беше специјално за оваа бегалска група е дека станува збор за група од Европа, што е необично. КОга станува збор за воневропски групи верувам дека ризикот да бидат изложени на дискриминација на пазарот на трудот е поголем, вели за Шведската телевизија професорот по економија Јан Екберг.
Како уште една важна предност во контекстот на анализата се споменува и тоа дека образовните системи во Европа се слични.