Годишно обраќање на Путин

Од:

Санкциите се штетни за сите страни, вклучително и за оние што ги воведуваат, предупреди денеска Путин во годишното обраќање во Рускиот парламент.

Во 11-то обраќање во парламентот Путин нагласи дека бесмислено е да и се приговара на Русија од позиција на сила, и го обвини Западот дека лицемерно го прикрива државниот удар во Украина со изјави за човекови права.

– Русија ќе ја почитува Украина како братска држава, но случувањата покажаа дека нашата политика за таа држава е правилна. Крим е составен дел на Русија, нагласи Путин.

– Русија нема да дозволи да и се случи југословенското сценарио како што не му дозволи ниту на Хитлер, наведе Путин.

Рускиот претседател објави дека државата му е отворена за светот.

– Никогаш нема да одиме по патот на самоизолација, бидејќи тоа би било признак на слабост, истакна тој.

Државната дума и Советот на Федерацијата, двата дома на Федералното собрание (руски парламент) се собираат на заедничко заседание во годината за време на обраќањето на претседателот на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници