Светскиот економски форум (WEF) од 22 до 26 мај ќе го одржи годишниот состанок во швајцарското планинско одморалиште Давос, потврди денеска организацијата.
Средбата традиционално се одржува на крајот на јануари, но во декември беше одложена поради ширењето на сојот Омикрон.
Извор: МИА