Го задржуваме правото да одговориме со нуклеарно оружје доколку Западот не нападне, порачува Шојгу

Од:

Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија од западните земји, изјави денеска во интервју за државната новинска агенција ТАСС, високиот функционер за безбедност на Москва, Сергеј Шојгу.

Шојгу ја даде оваа изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс предупредија дека Вашингтон може да се откаже од обидот да преговара за мировно решение во Украина, доколку наскоро нема напредок во договорот.

Откако ја презеде функцијата во јануари, Трамп ја смени американската политика кон тригодишната војна, вршејќи притисок врз Украина да се согласи на прекин на огнот, истовремено намалувајќи го притисокот врз Русија.

Шојгу, кој беше министер за одбрана на Русија повеќе од една деценија до реконструкцијата на кабинетот минатата година, на чело на моќниот Совет за безбедност, ги наведе амандманите на нуклеарната доктрина на Москва, одобрени од претседателот Владимир Путин во ноември минатата година.

Според новите услови, Русија би можела да размисли за нуклеарен напад како одговор на конвенционален напад врз Русија или нејзиниот сојузник Белорусија што „ќе создаде критична закана за нивниот суверенитет и (или) нивниот територијален интегритет.

„…во случај странските земји да извршат непријателски дејствија што претставуваат закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на Руската Федерација, нашата земја смета дека е легитимно да преземе симетрични и асиметрични мерки неопходни за да се потиснат таквите акции и да се спречи нивното повторување“, рече Шојгу.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинските напади со беспилотни летала парализираа осум аеродроми во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Договорена размена на заробеници, Украина инсистира на целосен прекин, Русија нуди привремен мир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украински авиони бегајќи од ракети, влегоа во воздушниот простор на НАТО

(ВИДЕО) Детали од Истанбул: Шефовите на руската и украинската делегација првпат разговараат без посредник

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинските преговарачи во Турција ќе инсистираат на потполно примирје

Катерина Ѓуровски

Кремљ порача да не се очекуваат чуда од преговрите со Украина