Го продаде двегодишниот син за 21.500 евра за со парите да „отпочне сопствен бизнис“

Од:

Мајка во Украина е уапсена откако се обиде да го продаде својот двегодишен син за 21.500 евра.

Мајката (20) од Днепар наводно сакаше да ги искористи парите за да „отпочне сопствен бизнис“, пишува „Дејли Мејл“.

Таа е уапсена кога клиентот и ги предаде парите, соопшти украинската полиција.

На фотографии е прикажано како полицаецот ги брои парите, додека мајката е врзана со лисици.

Соопштено е дека жената е осудена на осум години затвор за трговија со малолетници.

„Како што рекла, не сакала да се грижи за својот син, па решила да се ослободи од него“, соопшти полицијата.

Се додава дека таа го познавала купувачот.

„Со тие пари планирала да започне бизнис. Злосторството го документирале полициските одделенија на миграциската полиција и истражниот оддел на главниот полициски оддел во регионот Дњепропетровск во соработка со одделот за криминалистичка анализа“, соопштија властите.

Детето првично било испратено на лекар, а сега е под заштита на социјалните служби.

„Таа нашла потенцијален купувач, на кој му понудила да му предаде малолетно дете за исплата на готовина од 21.500 евра“, соопштија од обвинителството во Дњепропетровск.

На судењето мајката се изјаснила дека не е виновна, но судот ја осудил на осум години затвор.

Пресудата се уште не е правосилна, соопштија надлежните. Дотогаш жената ќе остане во притвор.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Дури ни мојата смрт нема да ја „скрши“ Украина

Харт: Берлин е против територијални компромиси во Украина

Украинците ги обучуваат германските копнени сили

Орбан: Зеленски директно се вмеша во изборната кампања на Унгарија

Руте: Рускиот народ треба да знае дека војната ја уништува Русија

Горан Наумовски

Ритер: Москва го откри системот на НАТО и планот за испорака на оружје во Киев