Го предвидело падот: Момче прашувало за смрт, душа и Господ и не сакало да се качи во авионот

Од:

Мигел Пандувината и неговиот постар брат Шака, се дел од жртвите кои загинаа на летот со малезискиот авион , а нивната мајка открива како помалиот син, ноќта пред последниот лет и поставил необични прашања за смртта, душата и Господ.

Додека биле во Амстердам се доближил до неа и ја прашал дали може да ја прегрне. Таа вели дека единаесетгодишното момче, добро ги поднесувало летовите и секогаш се радувало кога требало да патува, но не и таа вечер, кога започнал да поставува необични прашања.

„Како би сакала да починеш?“, „Што ќе се случи со моето тело доколку ме погребаат?“, „Дали ништо нема да чувствувам, бидејќи душата ќе патува кон Господ?“, се дел од прашањата кои вечерта пред кобниот лет и ги поставил синот.

Кога ги испратила синовите, Мигел одеднаш се вратил до неа и и рекол дека му недостасува и дека има чувство дека авионот ќе се урне.

Таа и покрај тоа што била изненадена од прашањата, го уверила дека се ќе биде во ред и го испратила во авионот, а само два часа подоцна навистина се случи она од кое момчето стравувало. -Требаше да го послушам- вели жената која во несреќата со малезискиот авион загуби две деца.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици