Ирачките власти денеска соопштија дека главното пристаниште во земјата Ум Каср повторно е отворено откако денонстрантите го блокираа пред пет дена.
Во пристаништето се наоѓаат клучниот нафтен терминал и влезната точка за храна и други основни производи.
Јужните ирачки провинции и главниот град Багдад зафатени се од антивладини протести, што почнаа минатиот месец предизвикани од економската состојба во земјата.