Главниот водач на турската опозиција: Политиката на Ердоган кон Сирија е голема грешка

Од:

Водачот на главната турска опозициска партија, Републиканска партија, Кемал Киличдароглу, ја нарече политиката на премиерот Ердоган кон Сирија, “голема грешка”. “Властите во Анкара, направија голема грешка завземајќи ваква позиција против Сирија”, рече кон крајот на минатата недела Киличдароглу во интервју за турската Скај телевизија. Истакна дека убиените сиријци”, се директен резултат на финансиската и воената поддршка на Анкара за сириските бунтовници.”

Киличдароглу изрази жалење поради позицијата на Турција и ја повика владата да престане со оваа политика и да ги повика сите страни во конфликтот во Сирија на дијалог. Понатаму, Киличдароглу истакнува дека многу опозициски групи се подготвени за дијалог и дека Турција сега е единствената земја која и понатаму се противи на ваквиот пристап. Киличдароглу отфрли било каква идеја за странска интервенција во внатрешните прашања за Сирија и истакна дека сирискиот народ мора сам да одлучи за исходот на оваа криза, а не странските играчи.

Во исто време, по прашањето на Сирија, се огласи и турскиот премиер Ердоган со препознатливи недипломатски изјави. Сирискиот претседател Башар ал-Асад го нарече “суров диктатор” и “нем ѓавол” кој “го убива сопствениот народ, не е знае да се спротивстави на израелската окупација.” Ердоган ги нижеше навредите против сирискиот претседател, кој активно сака да го урне, за време на гостувањето на форумот во Обединетите Арапски Емирати. За својот говор доби громогласен аплауз од публиката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години