Главниот обвинител на Египет Абдел Мегид Махмуд поднесе денеска оставка, јавија египетски медиуми.
Махмуд, првично назначен на функцијата од Хосни Мубарак, беше принуден да ја напушти функцијата по изборот за претседател на исламистот Мохамед Морси пред една година, што предизвика долга правна битка.
Апелацискиот суд, меѓутоа, го врати Махмуд на должноста во вторникот, што од друга страна се наложи да биде отстранет главниот обвинител Талат Абдула, назначен од Мохамед Морси.
Либералната опозиција го обвинуваше Абдула за пристрасност во полза на исламистичката влада.