Главниот либерален блок во Египет ја отфрли уставната декларација

Од:

Главната либерална коалиција во Египет ја отфрли уставната декларација, издадена од времениот претседател Адли Мансур, и побара повеќе промени и пошироки консултации за документот, кој има суштинско значење за политичката транзиција во земјата.

Фронтот за национален спас соопшти дека никој не се консултирал со него, но не разјасни какви промени бара.

Меѓу главните лидери на коалицијата е поранешниот генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеј, кој беше избран за потпретседател на Египет, одговорен за надворешна политика.

Уставната декларација исто така беше отфрлена од двете најголеми исламистички движења во Египет и од млади и независни политичари и активисти.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски