Началникот на Генералштабот на египетските вооружени сили Абдел Фатах ал Сиси повика за брза политичка транзиција во Египет со цел да се воспостави стабилноста во земјата.
Тој ги повика граѓаните на Египет да станат свесни за тежината на проблемите, со кои се соочува земјата и кои, како што посочи, бараат забрзување на завршувањето на периодот на транзиција.
Египетскиот министер за надворешни работи Набил Фахми изјави деја периодот на времената власт во Египет би требало да заврши до крајот на следната пролет.
Подоцна денеска приврзаниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси протестираа на плоштадот „Тахрир“ во Каиро, прв пат, откако воените власти го соборија Морси. На плоштадот се собрале околу сто демонстранти.