Повеќе од два милиона луѓе во главниот град на Чиле денеска останаа без вода за пиење, откако е утврдено дека е заразена водата во реката која е главен градски извор за снабдување.
Рано изутринава е исклучена водата во повеќе од 593.000 домови во Сантијаго и така ќе остане најверојатно до полноќ, поради што се затворени и рестораните, канцелариите и спа-центрите во областите кои останаа без вода.
– Се случи непредвидлива ситуација во околности кои се надвор од наша контрола и кои не натераа да ја исклучиме водата во 15 квартови, изјави портпаролот на компанијата за преработка на вода „Агуас Андинас“ Кристијан Ескивел.
Според него, дошло до одрон на земјиште во реката Маипо, која е главен градски извор за снабдување со вода.
Во Сантијаго живеат околу пет милиони луѓе.