Главниот германски разузнавач тврди: Русија сè уште е способна да се бори на долг рок

Од:

Не гледам знаци на воено слабеење на Русија, изјави шефот на германската Федерална разузнавачка служба Бруно Кал.

„Русија сè уште е способна да се бори на долг рок, пополнувајќи ги војниците со воен персонал, оружје и муниција“, рече Кал во интервју за „Велт“.

Според него, нема начин да се зборува за слабоста на Русија во овој поглед, или дека Москва наскоро би можела да ги прекине своите активности.

Неодамна воениот стратег на Министерството за одбрана на Австрија, полковник Маркус Рајснер, привлече внимание на фактот дека многумина се обидуваат да ја преувеличат слабоста на руската армија. Тој ја нарече Русија „противник што треба да се сфати сериозно“.

Кал претходно изјави дека Русија може да мобилизира уште еден милион војници во Специјалната воена операција во Украина.

„Минатата есен беа мобилизирани и регрутирани околу 300.000 луѓе, некои се уште се обучуваат, некои веќе се во борба. Русија може да мобилизира уште еден милион луѓе, доколку Кремљ смета дека е потребно“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Трамп најави: Средба на Русите и Украинците во Минхен

Што вели Украина на планот на Трамп за преговори

Катерина Ѓуровски

Медведев: Невозможно е да не клекнете на колена, колку побрзо го разберете тоа, толку подобро.

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Три години војна: Русија контролира околу една петина од украинската територија

Трамп и Путин ќе се сретнат во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Жестоки реакции од Европа по објавата на Трамп за итен почеток на преговорите за мир ов Украина

Катерина Ѓуровски