„Главна борбата против нарко картелите”

Од:

Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието, изјави во интервју за Асошиетед прес дека главни цели на неговата влада се борбата против нарко картелите и економските реформи.

Според планот на Пења Нието за борбата против дрогата, владата ќе ги пренасочи напорите од обидите да ги фати лидерите на нарко картелите, на смалување на нивото на насилство во Мексико, но “во никој случај тоа не значи дека ја прекинуваме борбата.”

“Мојата влада ќе продолжи да се бори против сите видови на трговија со дрога”, изјави Пења Нието во едно интервју во понеделникот вечерта.

Тој додаде дека за сузбивање на организираниот криминал, потребно е да се подобри координацијата помеѓу општинските, државните и федералните полициски сили како и спроведување реформа на корумпираното мексиканско правосудство.

Пења Нието, чија победа на изборите го означува враќањето на власт на Институционалната револуционерна партија, состави план кој содржи 95 ветувања кои има намера да ги исполни во неговиот шестгодишен мандат, но без конкретни решенија.

Од новиот претседател се очекува да каже како ќе ја зголеми конкуренцијата во телекомуникацискиот сектор, како и тоа како ќе ги намами инвеститорите да инвестираат во проблематичната мексиканска нафтена индустрија, која е контролирана од страна на државата.

“Сега знам што точно да правам во текот на следната година”, рече Пења Нието. “До крајот на следната година, во општеството мора да постигнеме консензус за реформите. Сите политички сили во земјата мора да работат заедно на промените неопходни за развој на Мексико”.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба