Гласачите во Казахстан на референдум поддржаа уставни измени

Од:

Околу 77 отсто од гласачите во Казахстан ги поддржаа уставните промени предложени на референдумот, за кои се верува дека се обид да се отфрли наследството на поранешниот моќник Нурсултан Назарбаев, кој владееше со поранешната советска република три децении, пренесува Бета.

Според првичните резултати, објавени од Централната изборна комисија, нешто помалку од 19 отсто од граѓаните гласале против, додека околу 2,6 отсто од гласачките ливчиња биле прогласени за неважечки од 68 отсто од граѓаните кои излегле на референдумот.

Гласањето беше свикано од казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, кој постојано ја зајакнува својата влада по насилните демонстрации во јануари во кои загинаа повеќе од 230 луѓе.

Денешниот референдум опфати конкретни прашања за модификации, како забрана за смртна казна и забрана на некои функционери да се приклучуваат на политичките партии. Но, најмногу се работеше за мерење на поддршката за целокупната програма на Токаев, оценуваат западни аналитичари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

12 повредени во верижна сообраќајка на 95 возила

ВИДЕО: Путин му се извини на претседателот на Азербејџан за паднот на авионот, го нарече „трагичен инцидент“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија веројатно е одговорна за падот на авионот во Казахстан, тврди Белата куќа

Катерина Ѓуровски

Русите се огласија за авионската несреќа: Украина е виновна

Горан Наумовски

НАТО бара детална истрагата за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“