Гилмор: Труењето на Навални е чин на домашен тероризам против граѓаните на Русија

Од:

Чин на домашен тероризам против граѓаните на Русија кои имаат храброст, и покрај претходните напади, да се ангажираат во граѓанското општество, изјави синоќа амбасадорот на САД во ОБСЕ, Џејмс Гилмор, во врска со труењето на Алексеј Навални.

Сомнежот е насочен кон руската Влада и разузнавачките служби во Русија, но, како што кажа амбасадорот Гилмор „искрено, сум изненаден од коментарите на руските претставници (во ОБСЕ) да сугерираат дека тоа е некаква завера од западните разузнавачки агенции“.

-Тие сугерираа овде денеска дека некаква завера од западните разузнавачки агенции можеби сторила Навални да се разболи во Омск. Ова е многу чудна и вознемирувачка изјава, кажа амабасадорт.

Откако Владата на Германија завчера заклучи дека рускиот граѓанин и опозициски лидер бил отруен во Русија со хемиски нервен агенс од групата „Новичок“, САД ја повикаа Москва на целосна соработка со истрагата на меѓународната заедница за труењето и побара извршителите на ова злодело и оние кои го нарачале, да бидат казнети.

-Труењето на Навални e за комплетна осуда. Русија во минатото има употребено хемиски нервен агенс „Новичок“ во селектирани напади. Ова е истата група на забранети хемиски оружја што Русија ги употреби да ги отруе Сергеј и Јулија Скрипал. Овој чин загрози многу животи во Салсбeри и Ејмсбeри во Велика Британија, предизвикувајќи нивна и хоспитализација на еден полицаец, и двајца други цивили, од кои еден од нив потоа почина.

Семејството на Навални и рускиот народ заслужуваат полна и транспарентна истрага за случајот, а инволвираните да бидат изнесени пред лицето на правдата, истакна Гилмор.

-Мојот руски колега праша „кој добива (од ова)?. Одговорот е, сите оние кои не сакаат да видат подем на слободата и граѓанското општество и сакаат да стават крај на независниот политички ангажман во Русија, добиваат од овој чина на домашен тероризам против граѓаните на Русија кои имаат храброст, и покрај претходни слични напади, да се ангажираат во граѓанското општество, истакна амбасадорот Гилмор.

Би можело да ве интересира

Имаме документи кои докажуваат дека Навални бил отруен во затвор тврди руски Инсајдер

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен