Ги уби жената и ќерката и сними видео: Ми беше досадно

Од:

Пред да ги убие својата сопруга и ќерката тинејџерка, а потоа и да се повлече во изолиран бункер во планината Кескејд во државата Вашингтон во САД, Питер Келер направи видео снимка во која ја објаснува својата душевна состојба во моментот кога го направи злосторството: Ми беше досадно!

„Дојде момент кога преживувањето, плаќањето сметки и одењето на работа едноставно почнаа да ме ужасуваат“, рече Келер во снимката која ја објави канцеларијата на серифот во округот Кинг.

„Мене сега ми е полесно да размислувам овде за животот, да ограбувам банки, да земам се што ми е потребно. Барем ќе ми ниде интересно“, рече тој.

Келер во април со пиштол ги уби сопругата и ќерката Кејлин додека беа во семејната куќа во Норт Бенд, гратче северно од Сиетл. Потоа истурил бензин вез шпоретот во кујната, го уклуцил и се упатил во камуфлираниот бункер кој го имал подготвено во планината Каскејд.

Кога полицијата врз основа на отисоците од чевлите кои ги оставил во калта конечно го пронајде, тој изврши самоубиство што и го најави во шокантното видео.

„Ако ме фатат, едноставно ќе се убијам. Се е сега препуштено на случајот. Ќе се убијам тоа ми е ок. Нема повеќе да се грижам за Линет и Кејлин. Се ќе биде во ред“. Рече Келер.

Кај Питер за кого никој не се сомневал дека може да изврши вакво злосторство, биле пронајдени неколку десетици илјади евра.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД