Германската разузнавачка агенција БНД предупредува дека битката за кралскиот престол во Саудиска Арабија, може да предизвика дестабилизација на целиот Блиски Исток.Весникот „Франфуртер Алгемајне цајтунг“, кој ја пренесува загриженоста на разузнавачите, вели дека кризата во Саудиска Арбија би можела да доведе до интервенција во Јемен и во други држави со што целиот регион може да се дестабилизира.
Според анализите, како што јави дописникот на МИА од Берлин, главен актер во т.н. битка за тронот е 30-годишниот Мохамед бин Салман, вториот наследник на кралскиот престол, кој според саудиските закони не може директно да го наследи кралот.
Прв во наследниот ред е крунскиoт принц Мухамед бин Наџеф, кој е внук на актуелниот владетел.Германските разузнавачи анализираат дека доколку Мохамед бин Салман. чиј татко на почетокот на годината стана крал по смртта на кралот Абдула, се обиде да го прескокне Мухамед бин Наџеф и да ја добие целата власт, земјата може да се соочи со криза во која не се исклучува директен судир со Иран, но и намалена соработка со САД.
Дополнителна причина за загриженост на БНД е намалената цена на нафтата, што во комбинација со високиот дефицит на земјата може да предизвика трошење на државните резерви и финансиска криза во Саудиска Арабија, што може да го забрза процесот на дестабилизација на земјата и целиот регион.