Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада

Од:

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери.

„Имаме заеднички документ кој е основа за коалициските преговори да започнат следната недела“, рече на прес-конференција лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и кандидат за канцелар Фридрих Мерц, пренесе Билд.

Најголем камен на сопнување во потенцијалната соработка беше прашањето на миграцијата.

Мерц најави пакет мерки во миграциската политика кои ќе вклучуваат поголема гранична контрола за да се намали бројот на мигранти кои влегуваат во земјата.

Тој рече дека разговорите се одвивале во „добра и колегијална атмосфера“.

Лидерот на СПД Ларс Клингбејл рече дека претстојат тешки преговори и дека ќе им препорача на партиските тела преговорите да продолжат.

Унијата (ЦДУ/ЦСУ) на Фридрих Мерц освои најмногу гласови на неодамнешните избори, а по неа е екстремно десничарската Алтернатива за Германија, а на трето место е СПД на канцеларот во заминување Олаф Шолц.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Мерц: Трамп испрати сигнал дека е подготвен да ја заврши војната

Мерц: Анексијата на Западниот Брег од страна на Израел би била голема грешка

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија