Германски набљудувач на ОБСЕ, киднапиран во Славјанск изјави дека сите во групата се добро

Од:

Еден од меѓународните набљудувачи, кои беа киднапирани од проруски сепаратисти во источно украинскиот град Славјанск изјави денеска на прес-конференција дека сите во групата се во добра здравствена состојба.

На прес-конференцијата, организирана од сепаратистите, членот на набљудувачката мисија, германскиот полковник Аксел Шнајдер изјави дека „никој не го допрел“ и оти немало физичко малтретирање врз групата набљудувачи.

– Сите европски офицери се во добра здравствена состојба и никој не е болен, истакна тој и додаде дека секој од нив сака да се врати во својата земја, но се уште не знаат кога ќе бидат ослободени.

– Со нас се однесуваат добро и нашата безбедност е гарантирана од градоначалникот на градот Вјачеслав Пономаров, кој ни вети дека нема да ни биде нанесена никаква штета. Според наша проценка ветувањето на градоначалникот ќе се почитуваат се додека се наоѓаме во овој град и никој нема да ни наштети, рече Шнајдер.

Следејќи го Пономаров на прес-конференцијата осуммината набљудувачи, кои беа киднапирани во петокот од проруските сепаратисти, беа облечени во цивилна облека и влегоа во салата во која им беа претставени на околу 60 новинари.

Самопрогласениот градоначалник Пономаров претходно изјави дека набљудувачите на ОБСЕ се воени заробеници и додаде дека еден од 13-те заробени лица, возачот на групата, бил ослободен.

Заробени останале осум европски државјани и четворица украински војници.

– Во нашиот град, кој се наоѓа во состојба на војна, војниците, кои тука пристигнуваат без одобрение, се сметаат за воени заробеници, нагласи Пономаров.

Тој рече дека заробениците нема да бидат ослободени, освен во замена за ослободувањена проруските вооружени активисти, уапсени од украинските власти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми