Германски филм за Путин: Ја злоставувал сопругата и го зетегал лицето

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин (62) стравувал од стареење, поради што користел третмани за затегнување на лице, кои му овозможиле помлад и динамичен изглед, се наведува во новиот германски документарец „Човекот Путин“.

Во филмот се споменува и дека тој физички ја злоставувал својата поранешна жена Људмила и дека има „неверојатни заблуди за контрола“ откако во последните неколку години преживеал пет обиди за атентат.

Според наводите рускиот претседател во доцните часови оди на спиење, а работи само во попладневните, кога наоѓа време и за теретаната каде што вежба со скапи америкнски реквизити, за да ја доведе фигурата до совршенство.

-Путин стравува од физичко пропаѓање, од стареење- стои во документарецот.

Западните разузнавачки служби велат дека покрај тоа што оди на третмани за лицето, Путин доста често доцни на состаноци.

Инаку документарецот го направила германската телевизија „ЗДФ“ и во него се зборува како момчето од Санкт Петерсбург напредувало и низ што се поминало за да стане шпион на КГБ.

Тој во периодот помеѓу 1985 и 1990 година кога започнал да работи во канцеларијата на КГБ во Дрезден, во источна Германија е опишан како мрзливец и алкохоличар.

Доста често конзумирал алкохол во младоста, а како пример се наведува роденден на негов пријател, кога тој наводно ја прегрнувал и бакнувал ќерката на славеникот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска