Германската „семафор“ коалиција првиот ден од преговорите за влада имале „добри разговори“, продолжуваат во понеделник

Од:

Трипартитните преговори што можат да доведат до следната владина „семафор“ коалиција во Германија ќе продолжат во понеделник, изјавија преговарачите по денешната прва средба, која оценија дека минала во „добри разговори“, јави ДПА.

Ларс Клингбејл, генерален секретар на германските социјалдемократи (СПД), по средбата изјави дека планот е да продолжат и да се продлабочат разговорите со зелените и либералите .

Викендот ќе се искористи за „подготовка за интензивната недела на разговори што следи“, додаде Клингбејл.

Генералниот секретар на либералите, Фолкер Висинг, исто така, потврди дека разговорите поминале добро.

Викендот треба добро да се искористи за да се подготват сите „за интензивната недела на преговори“, додаде тој.

Лидерот на либералите Кристијан Линднер, видливо расположен ја напушти средбата што се оддржа во зградата „СитиТјуб“, пренесе „Билд“.

Либералите соопштија дека на состанокот виделе подготвеност да најдат заеднички јазик со зелените и социјалдемократите за главните политички разлики.

Би можело да ве интересира

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Три мали авиони се урнаа во Германија, загинаа три лица

Горан Наумовски

Несреќа на градилиште во Германија, еден загина, неколкумина повредени