Германската полиција изврши претрес во станот на напаѓачот од Минхен

Од:

Германската полиција утрово изврши претрес во станот на 18-годишниот напаѓач во трговскиот центар во Минхен.

Напаѓачот живел заедно со своите родители во реонот Максфорштад.

Во вчерашниот напад девет лица загинаа, а 16 се повредени. Шефот на полицијата во Минхен, Хубертус Андере истакна дека е пронајдено и телото на напаѓачот, кој извршил самоубиство.
Напаѓачот е идентификуван како Германец со иранско потекло, кој немал криминално досие и најверојатно дејствувал сам.

– Мотивите за нападот се целосно нејсани, посочи Андре.

Претходно полицијата веруваше дека во нападот учествувале три лица, но Андре прецизира дека другите две лица за кои се веруваше да се соучесници, само бегале од истрелите. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку седуммина повредени во пожар во дом за стари лица во Минхен

(ВИДЕО) Пожар во Минхен: Гори зграда, пламените јазици проголтуваат се пред себе

Горан Наумовски

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

(ВИДЕО) Хаос во Минхен: 30.000 куфери расфрлани низ аеродромот

А1он

Климатски активисти ги блокираа аеродромите во Минхен и во Берлин

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Гостите на Октоберфест во Минхен скокаа од радост кога ја слушнаа „Каљинка“

Горан Наумовски