Германската канцеларка: ЕУ размислува за нови санкции кон Иран

Од:

Европската унија разгледува нови санкции против Иран поради потиснување на протестното движење во земјата, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

– Ме потресе тоа што загинаа луѓе кои мирно демонстрираа во Иран. Го осудуваме непропорционалното насилство на безбедносните сили и го поддржуваме населението, напиша Шолц на Твитер, додавајќи дека ЕУ размислува за дополнителни санкции против Иран.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок вчера изјави дека се разгледува можноста Иранската револуционерна гарда да се прогласи за терористичка организација.

– Како што јасно кажав минатата недела, ќе воведеме нов пакет санкции, а исто така размислуваме како да ја прогласиме Револуционерната за терористичка организација, изјави таа за германската телевизија АРД.

На 17 октомври, ЕУ усвои санкции против Полицијата за морал и 11 ирански службеници вклучени во репресијата на демонстрациите. САД ја ставија иранската Револуционерна гарда на „црната листа на терористи“.

Протестите во Иран почнаа на 16 септември, денот кога Махса Амини (22) почина во болница, каде што беше донесена во критична состојба откако беше уапсена на 13 септември во Техеран поради „носење несоодветна облека“, односно непочитување на строгиот кодекс на облекување на Иран за жените.

Според групата Активисти за човекови права во Иран, во протестите се убиени најмалку 270 луѓе, а 14.000 се уапсени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бербок: Во ЕУ се одлучува едногласно, Македонија не може да напредува без уставните измени

Катерина Ѓуровски

Баербок: ЕУ треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници