Германија, со потврдени 29.426 новозаразени за еден ден, е со најголем број случаи на коронавирус од јануари.
Потврдените случаи во земјата се искачија на вкупно 3,073 милиони, а бројот на починати изнесува 79.381.
Податоците од институтот „Роберт Кох“ покажуваат дека бројот на заразени е зголемен на 160,1 на 100.000.
Ова се случува во време на обидите на германската Влада да наметне построги ограничувања за совладување на третиот бран на вирусот, неколку месеци пред парламентарните избори.
Незадоволна од неподготвеноста на некои провинции да воведат поголеми ограничувања, канцеларката Ангела Меркел побара од Парламентот привремено да ја зголеми моќта на сојузната Влада за воведување блокада во некои области со високо ниво на инфекција.
Вицеканцеларот Олаф Шолц ги бранеше измените на Законот за заштита од инфекции, кои предвидуваат воведување полициски час.