Поранешниот германски претседател Кристијан Вулф кој минатата година поднесе оставка, во екот на политичкиот скандал, денес е обвинет за корупција, соопшти обвинителството во Хановер.
Вулф (53) пред три дена одби да ја плати казната од 20.000 евра, со која истрагата би била запрена.
Доколку судскиот процес продолжи Вулф би можел да стане првиот поранешен претседател на Германија, кој ќе одговара пред суд.
Тој пред да стане претседател во 2010 година беше заменик на претседателот на Христијанско-демократската унија на канцеларката Ангела Меркел.
Од функцијата шеф на државата се повлече минатата година поради бројни обвиненија за злоупотреба на службената должност, додека беше на власт во Долна Саксонија.
Елена Георгиевска