Германија одбележува 22 години од обединувањето

Од:

Германија денеска, со екуменска Божја служба и централна прослава во Минхен, ја прослави 22 годишнината од обединувањето на државата и во присуство на државниот и политичкиот врв и бројните гости, со повици за поголемо единство, заедничка работа и борба за Европа.

Претседателот на бундестагот Норберт Ламерт повика на зајакнување на единството во Европа, додавајќи дека не мора повеќе да се уриваат ѕидови, но за обединувањето на Европа е потребна претпазливост и Далекувидна политика како и граѓани”, кои ќе се ангажираат за заедничка европска идеја.”

Ламерт подсети на “европската димензија” од обединување на Германија, и рече дека без надминување на поделбите во Европа не би било ни германското единство.

Тој оцени дека повторното воспоставување на националното единство на Германија беше претпоставка за заедничка трансформација на Европа во еден сојуз на западно-централна и источна Европа и предупреди дека европската идеја може да биде ускратена поради економските прашања.

“Европа е повеќе од една управа, повеќе од бирократија, повеќе од една насока, повеќе од договорите и таа е исто така повеќе од еврото…”, рече Ламерт, додавајќи дека Германија и Европа не се две одделни димензии.

Понатамошниот развој на Европа е во германски интерес, нагласи Ламерт на свеченоста, на која присуствуваа германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот Јоаким Гаук и други политичари и гости.

Кога станува збор празникот на обединувањето, медиумите пишуваат дека на народот повеќе му останало во сеќавање 9 Ноември 1989 година. Кога падна Берлинскиот ѕид како крај на ГДР и конфликтот меѓу Исток и Запад и ден што ја симболизира поддршката на обичните луѓе за промена на историјата, од официјалната, парламентарното изгласување на обединувањето на 3 Октомври 1990 година.

Би можело да ве интересира

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите

Мерц: Да повторам, нема соработка со АфД