Германската федерална Агенција за труд очекува од 2014 година во Германија да пристигаат меѓу 100 илјади и 180 илјади романски и бугарски имигранти годишно, изјави директорот на агенцијата Франк-Јурген Вајзе за Рајнише-пост.
Во контекст на укинувањето на ограничувањта на пазарот на трудот во 2014 година, „очекуваме доаѓање на 100 илјади до 180 илјади романски и бугарски работници“, изјави претставникот на Агенцијата.
Вајзе прецизира дека во секоја од изминатите години во Германија доѓале околу 100 илјади имигранти повеќето квалификувани од држави како Полска, Унгарија и балтичките држави. Во 2011 година од Романија и Бугарија во Германија дошле 112.000 работници. Вајзе вели дека државата има потреба од околу 200 илјади квалификувани работници секоја година.