Германија објави закон со кој се дозволува обрежување

Од:

Германската Влада денеска објави нов закон, кој има за цел да ја надмине судската одлука што забранува обрежување од верски причини.

Одлуката од мај годинава на судот во Келн, според која ритуалот може да предизвика телесни повреди, го разгори гневот на муслиманските и еврејски заедници во Германија.

Согласно новиот закон, обрежувањето на малите момчиња во земјата ќе биде дозволено, под услов да биде извршено од квалификувани професионалци и родителите на детето да бидат информирани за сите ризици.

Новиот закон се очекува да биде прифатен од Парламентот пред крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено